Работилници и знаменитости

Нудиме организација на различни работилници за традиционална кујна и многу активности за собирање подароци од природата како печурки, чај и овошје. Разновидноста на продукти од природата ни овозможува да организираме Кулинарско Шоу каде што готвиме пред
нашите гости и ја споделуваме магијата заедно. Сопственикот на хотелот нуди професионална реставрација на стари објекти користејќи само природни материјали како дриво, камен и кал. Прошетка со Туто е активност во која гостите се носат околу селото да ја разгледаат старата архитектура и куќите кои тој ги поседува. Други активности што ги нуди регионот и ние можеме да ги овозможиме се посета на водопадот Дуф кој се наоѓа на 5км, посета на Галичник каде гостите може да бираат да стигнат пеш или на коњи, посета на Бигорскиот Манастир, посета на селото Коџаџик кое е родното место на таткото на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк. Блиску до хотелот, на 6км се лоцирани и термалните бањи кои вклучуваат
различни масажи и аква парк.
Во Галичник секоја година се организира свадба наречена "Галичка свадба", на 12ти Јули.