Jance, 1254 Jance, Rostuša, Macedonia

Image Alt

Learn more about the beginnings

About Us

A Dream Come True

ТЕФИК ТЕФИКОСКИ

Хотелот Тутто е лоциран во Јанче – едно од неколкуте преостанати села
во Македонија кое сеуште го има задржано својот автентичен изглед.
Јанче е сместено во срцето на Националниот Парк Маврово
, во општината Маврово – Ростуше.
Хотелот Тутто се роди како резултат на сонот на еден човек
кој долги години работеше во странство И реши да се врати во својот роден крај со цел да го искористи стекнатото работно искуство кое на крајот ке резултира со повторно заживување на селото.
Сопственикот, Тефик Тефикоски, со своето вракање почна да спроведува активности како што се рестаурација на старите кукји на автенвтичен нацин со локалните материјали, односно земја, дрво и камен. Денеска се луксузни апартмани кои се користат за сместување на гости покрај Хотелот.
Jance

Authentic Village

Малото село Јанче е автентично по старите автентнички карактеристично традиционални изградени куќи од природни материјали. Исто така и хотелот Тутто е изграден на ист принцип со природни материи земја, камен и дрво. Не само поради својата градба и приодни материјали и местополжбата на која е изграден ви дава можност да ги уживате убавите панорами на планината Бистра, Крчин и Стогово пред вашите очи на дланка а во истиот момент Радика со својот жубор ви пее песни во хор придружена од птиците.
Hospitality tradition

All Natural Food

Покрај сите овие убавини што ги дарила природата и можете во хотелот Тутто да ги дегустирате специјалитетите изготвени од домаќинките од долнореканскиот крај. Се служат локални и интернационални јадења приготвени од природни локални состојки И тоа се: Сарајлија пита, Качамак, Вргањ на Тутов Начин, Домашен Ајвар, Урда со пиперки, Тавче гравче, Грне На Тутов Начин, Аландити, Пченкан леб..и уште многу други специјалитети. Во селото се практикуваат активности како берење на плодни растенија (печурки, дренини, капини, сливи, јагоди, смокви..) и истите се подготвуваат (слатки, сокови) на природен начин во ресторанот за гостите.
Nature All Around

Have Fun!

Со самиот престој во хотел Тутто само на неколку минути пешачење можете да стигнете до Галичник, на 5 км Дуф, манастирот св. Јован Бигорски и многу патеки кои се наоѓаат наоколу а исто така и термалните бањи во Косоврасти.

Во Јанче не се доаѓа случајно, туку со намера затоа што овде нештата си течат, природно како и самата Радика.